Sunday, July 19, 2009

The winter stores princ

Резервен принц од жива туршија

Девојка за сигурност страдна

во туршија од почит ме затна -

да ме вкуси сал ако е гладна

за спокој по разделба матна.

Безмерно склон, со душа мека

а старски претпазлив ко сом

ферментирав само и си чекав

со дечко и` да се сторат лом.

И, еве, дојде тој за среќа миг -

апетитно в кревет сум турен!

Но,салатата не испадна шик -

морковот ептен беше спурен!

No comments: